(ВИДЕО) ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ ВО ЦРНО: Забрането капењето на овие места!
Министерството за здравство на Грција донесе итна одлука за забрана на капење на плажи во подрачјата на Атина поради излевање на нафта во близина на Саламина.
Меѓу забранетите локации се многу популарни плажи во широко подрачје на Атина и Пиреја.
Малиот грчки танкер Agia Zoni II“, долг 91 метар, потона во почетокот на неделата од непозната причина непосредно бидејќи недалеку од Пирејското пристаниште испловил со товар од 2 200 тони и 340 тони дизел гориво за бродови.
Мазутот најпрво во вторникот стигнал до бреговите на блискиот остров Саламина кај кој потонал бродот.
Граѓаните и туристите се повикани да не доаѓаат на брегот за да не им пречат на екипите кои работат на бариерите и кои во морето пуштаат хемикалии кои ја разредуваат нафтата.
