Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Граѓаните во Хрватска се качуваат на повисоките катови за да се спасат од надојдената вода

(ВИДЕО) Граѓаните во Хрватска се качуваат на повисоките катови за да се спасат од надојдената вода

Цели градови се под вода во Хрватска, а луѓето се качуваат на куќите за да се спасат. Жителите чии куќи се најзагрозени се евакуирани.

Врнежи од дожд предизвикаа излевање на реката Зрмања која тече во хрватскиот град Обровац, како и излевање на реката Отуча во општина Грачац. Испратени се пожарникари, припадници на Хрватската служба за спасување и Државната интервентна единица со чамци за евакуација, објави Н1. Наставата во Обровац, денеска не се одржа, затоа што училиштето е поплавено. Делови од градот се под вода, а во други делови нема струја.

Во Грачац, десетици луѓе се качуваа на повисоките катови од објектите поради надојдената вода.  Во наредните денови се очекуваат уште врнежи. Исто ќе биде и во регионот. Можна е ерозија и поплави. Периодов имаме временски услови кои потсетуваат на есен.  



Фото: Н1

Слично

Поврзани вести