Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Граѓани во Лепосавиќ нападнаа новинарска екипа и ја искршија камерата

(ВИДЕО) Граѓани во Лепосавиќ нападнаа новинарска екипа и ја искршија камерата

Граѓани во Лепосавиќ нападнаа новинарски екипи на локални медиуми кои известуваат на албански јазик. Повреден е снимател на Радио-телевизија на Косово, соопшти оваа медиумска куќа. Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите и Здружението на косовските новинари го осудија денешниот напад врз снимателот на РТК Бардо Бектеши во Лепосавиќ. Напаѓачите ја искршија камерата. 

Здружението на косовските новинари уште еднаш упати итен апел до косовската полиција и меѓународната заедница да овозможат безбедно известување од север.

Во Звечан вчера е искршено возилото на Радио-телевизија на Косово додека екипата известувала за протестите во таа општина на северот на Косово. Искршени се стаклата на автомобилот, а дупнати се и гумите.


Слично

Поврзани вести