Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГРАЃАНИТЕ НА УЛИЦА: Протест за поддршка на СЈО, а контра Иванов!

(ВИДЕО) ГРАЃАНИТЕ НА УЛИЦА: Протест за поддршка на СЈО, а контра Иванов!

Во главниот град во моментов се случува протест пред Специјалното јавно обвинителство каде граѓаните се собираат да и дадат поддршка на Специјалната обвинителка Катица Јанева а да искажат револт од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболицирањето на политичари за кои се отворени истраги.

Од пред СЈО граѓаните ќе се упатат пред канцеларијата на Ѓорѓе Иванов, во знак на револт на денешната одлука.

Поддршка за #СЈОPosted by Nebojsa Gelevski on вторник, 12 април 2016

Граѓаните кои се незадоволни од денешната одлука на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичарите и од власта и од опозицијата денеска во 18 часот ќе излезат на протест, кој го организира граѓанското движење #Протестирам.

Денешната одлука на Иванов стави крај на Пржинскиот договор и крај на надежта за правда и решавање на политичката криза. Кога правдата е загушена, улиците не смеат да бидат мирни! Се гледаме денес во 18:00 пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство да покажеме поддршка, а од таму ќе се упатиме кон канцеларијата на Претседателот. Нема правда, нема мир!, стои во повикот за протест.

(ВИДЕОТО и фотографиите се преземени од Фејсбук страната на движењето Протестирам)

Слично

Поврзани вести