(ВИДЕО) ГРАФИЧКА СИМУЛАЦИЈА: Последните минути разговор од кобниот лет на претседателскиот кингер!
Втората истрага за падот на кингерот во кој се наоѓаа претседателот Борис Трајковски и владина делегација кој патуваше на меѓународната конференција и се урна на 26 февруари 2004 година во ридот Матиќ во Ротмиља, на само неколку километри од аеродромот во Мостар, откри нови детали и сосема поинаков извештај им претстави на македонските власти.
На несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски, екипажот и патниците влијаеле серија критични пропусти, случувања и услови.
Седумте грешки на екипажот кој управуваше со летот беа кобни за оваа авионска несреќа чиј извештај и официјално и е презентиран на босанската јавност, а Босански Аваз објави снимка од аудио записите од разговорот меѓу пилотот и копилотот пред самиот пад од пронајдените две црни кутии, која открива дека последен збор што бил забележан на црната кутија е „Еј“, при што се слуша страшен удар.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/23/dosie-boris-trajkovski-shto-otkriva-noviot-izveshtaj-za-nesrekata/" target="blank" ](ВИДЕО) ДОСИЕ БОРИС ТРАЈКОВСКИ: Што открива новиот извештај за несреќата?[/button]
