(ВИДЕО) ГРАБЕЖ КАКО НА ХОЛИВУДСКИ ФИЛМ: На аеродромот во Тирана пукање, мртви и однесени 10 милиони евра
Ни два дена после грабежот никој не може со сигурност да потврди колку пари се украдени од маскираните напаѓачи.
Албанската војска ја презеде контролата над аеродромот во Тирана, два дена по вооружениот грабеж во кој напаѓачите украле десет милиони евра и исчезнаа после пукањето со полицијата.
Убиен е и еден од ограбувачите, а потрагата која следела не донела речиси никакви резултати. Конценсиерот на аеродромот и владата на Еди Рама меѓусебно си ја префрлаат вината за пропустите на обезбедувањето.
„Аустријан ерлајнс“ повеќе не вози пари од Тирана.
Оклопни возила на албанската војска ги заземале положбите околу аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, обидувајќи се на тој начин да вратат дел од довербата во јавноста во сеопштата безбедноста во земјата која сериозно е раздрмана од „грабежот на векот“, кој вчера се случи на аеродромската писта.
Групата разбојници чиј број и понатаму е предмет на шпекулација, упадна на пистата и од блиндирано возило украде вреќа со пари.
Ни два дена после грабежот никој не може со сигурност да потврди колку пари однеле маскираните напаѓачи, бидејќи првичните проценки се од 1,7 милиони евра, постепено растеле до 2,2 па на крај и цели десет милиони евра.
Ограбувачите на пистата влегле низ споредниот влез и го нападнале блиндираното комби во момент кога работници на обезбедувањето се подготвувале торбите со пари да ги префрлат во авионот на австрискиот авиопревозник.
Конечно се појавила и полицијата која се пуштила во потрага за разбојниците, а во пукањето кое следело е убиен еден од напаѓачите. Полицијата ни два дена не успала да утврди колкумина точно учествувале во грабежот. Исто така, тврдењата на полицијата дека во пукањето е убиен шефот на оваа банда наидоа на критики на медиумите и опозицијата.
Напаѓачот е идентификуван како Адмир Мурат, а од камерите на безбедносните камери е востановено дека е во бело комби, кое подоцна е запалено, на аеродромската писта влегле вкупно пет лица.
Неколку часа после грабежот, албанската полициај своите капацитети, вкучувајќи и хеликоптери, ангажирала за да ги најде напаѓачите, но потрагата не резултирала со претерано спектакуларен резултат, освен што нашле запалено возило со кои ограбуваќите избегале од аеродормот. Во недостаток на подобро решение, албанските власти, речиси инстинктивно, за безбедносните пропусти го обвиниле кинескиот концесионер, компанијата „Чајна евербрај лимитед“, но Кинезите брзо одговориле дека аеродромот е дел од Албанија, па како таков потпаѓа под одговорност на министерството за полиција.
Во расправата се вклучил и албанскиот премиер Еди Рама, кој од Монако, по пат на Твитер и порача на нацијата дека „кинексата комапнија направила безбедносен пропуст“.
-Аеродромот не им припаша на Кинезите, туку на Албанците-му одговорила кинеската компанија, а министерката за одбрана Олта Џачка околу објектот распоредила специјалци и припадници на воената полиција.
Лидерот на опозицијата Љуљзим Баша се вклучил во расправата барајќи полицијата да објасни како комбито во кое се наоѓала толкава количина пари немало вооружена придружба, иако, според законот, таквата поддршка е задолжителна доколку се превезуваат повеќе од 950 000 евра.
Кинезите до концесијата над аеродромот во Тирана дошле како „игра на случајот“, бидејќи владата прво склопила договор со Германците упте во 2004 година, но германските партнери дел од акциите накнадно им продале на Шпанците. На крај, Кинезите во 2016 за два милиони евра преземале пакет акции кои биле во шпанските раце.
Албанците, од самиот старт, биле незадоволни од работата на концесионерите, прво Германците, па потоа Шпанците и Кинезите, наведувајќи дека цените на услуги се превисоки.
