Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРИ ВО ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ: Пожарот „проголта“ и куќи

(ВИДЕО) ГОРИ ВО ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ: Пожарот „проголта“ и куќи

Пожари има во Европа, и тоа во Грција, Црна Гора и во Франција. 

Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа. Интервенираат 100 пожарникари со 5 пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и исто толку хеликоптери. 

Помагаат и пожарникари волонтери и армијата.  Дел од грчките медиуми пренесоа дека двајца пожарникари–доброволци се повредени.  Во Црна Гора гори кај Котор и над Каменар, а пожарот  мегу Бар и Сутоморе, над Црвена плаза  утрово е ставен под контрола.

Со 8 големи шумски пожари се бори Франција, а најсериозна е ситуацијата во југозападниот дел на земјата, во регионот на департманот Жиронд. Двајца пожарникари се повредени, а повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани. Огнот „проголта“ над 7.000 хектари шума и  16 куќи. Претседателот на Франција, Емануел Макрон  објави дека Германија, Грција, Полска, Романија, Австрија ќе помогнат.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести