Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРИ РЕЧИСИ ЦЕЛА ЕКС ЈУГОСЛАВИЈА: Пожари беснеат во земјите од регионот-еве каде е најкритично!

(ВИДЕО) ГОРИ РЕЧИСИ ЦЕЛА ЕКС ЈУГОСЛАВИЈА: Пожари беснеат во земјите од регионот-еве каде е најкритично!

Во регионот и понатаму стотици пожарникари се борат со огнени стихии.

Хрватска

Во Хрватска, пожар на подрачјето Кистања, кој пламна во вторникот уште не е локализиран ниту угасен.

Таму на терен моментално се наоѓаат 300 пожарникари од цела Хрватска со 37 возила, како и 50 припадници на војската кои гаснат три пожари.

Се наведува дека со пожарот се зафатени 2000 хектари земјиште.

БиХ

Во република Српска, во Требињ пожарникари дежураат и го контролираат пожарот кај селото Сливница, а во остатокот од Херцеговина имало неколку помали успешни пожарникарни интервенции.


Пожари уште горат и на локацијата на Динара над населбата Чапаразлија, и Долни Рујани и на подрачјето на општината Босанско Грахово на планината Старетина на границата со општина Гламоч кое е исклучително непристапно, со минирани и минско-сомнителни терени и можно е да се гасне само од воздух.

Македонија

Кај нас пожарот во Матка е локализиран додека пожарот во Требовље, близу до Македонски брод и натаму е активен и се шири кон општините Брвеница и Гостивар, соопшти ЦУК.


ЦУК наведе и дека се активни пожари во сите делови на државата, а во нивното гаснење покрај единицата пожарникари учествува и војската и локалното население.

Црна Гора

Во четвртокот вечерта се локализирани пожарите во Националниот парк Проклетје, а претсавници наведуваат дека не било лесно да се стават под контрола поради непристапниот терен.

Огнени јазли беснеат и во Велики Хрид и Риблјак, а пожарот на локалитетот Риблјак зафатил простор од еден ар во границите на Националниот парк.


Слично

Поврзани вести