(ВИДЕО) ГОРИ БОЛНИЦА: Пациентите се евакуираат
Голем пожар избил попладнево во болница во Истанбул и зафатил неколку ката од зградата.
Извршена е евакуација на пациентите од болницата, но и на жителите од зградите во блиската околина.
Засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот.
Болницата се наоѓа во населбата Газиосманпаша во европскиот дел на Истанбул.Началникот на општината, Хасан Ташин, за националната телевизија ТРТ изјавил дека сите пациенти биле евакуирани од болницата и дека пожарот е ставен под контрола.
"Taksim İlkyardım Hastanesi'nde" yangın söndürme yetersiz. pic.twitter.com/XF0Z7LDjj4
— M'ert (@memerdo) April 5, 2018
Слично
