(ВИДЕО) Голема полициска акција во Чаир?
Полицијата е на терен во скопски Чаир, на улица „Цветан Димов“ кај Трговскиот центар „Чаирчанка“. Според неофицијални информации, вечерва во тој реон се изведува голема полициска акција, во која уапсени се повеќе лица.
Од МВР за порталот Прес24 потврдиле дека во акцијата се уапсени двајца инспектори, но не се прецизира дали станува збор за полициски инспектори или пак за инспектори во некои од државните инспекторати. Нема информации и дали има и други уапсени во акцијата. Повеќе детали од МВР најавуваат за утре.
Порталот А1он, пак, објави и видео кое им го испратил читател од Чаир:
http://www.youtube.com/watch?v=WLHYFtbOjG8
Слично
