Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ФАБРИКА ВО БИХАЌ: Не се знае дали има повредени

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ФАБРИКА ВО БИХАЌ: Не се знае дали има повредени

Голем пожар во утринските часови ја зафати фабриката Аустротерм во населбата Каменица во Бихаќ во БиХ, која се занимава со производство на топлинска изолација, потврдено е за N1.

Аднан Бегановиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, рече дека полицијата и противпожарните бригади се на терен и дека се прават напори за гаснење на пожарот.

„Немаме никакви детали за потеклото и причината за пожарот. Пријавата ја добивме пред половина час и испративме полициски патроли во областа каде што се пожарникарите и се обидуваат да го изгаснат пожарот за да спречат понатамошно ширење. Се уште не се знае дали има повредени, а веќе е спроведена истрага“, изјави Бегановиќ.

Од фотографииите од социјалните мрежи се гледа дека црн облак од чад се извива над областа.

Аустротерм е австриска компанија која започна со работа на Бихаќ во 2018 година, наведува Индекс.хр.

ФОТО: YouTube/FENA

Слично

Поврзани вести