Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БиХ: Ветерот урна далновод

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БиХ: Ветерот урна далновод

Ветерот утрово урна далновод во Босна и Херцеговина (БиХ), избувна голем пожар, а жителите се евакуирани.

Невреме го зафати градот Власеница. Поради силните налети на ветерот паднал далновод кој предизвикал голем пожар, пренесува Аваз.

Сите расположливи пожарникари се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

„Точно е дека има пожар и дека сите пожарникари се на терен, само тоа можам да ви кажам засега“, изјавил за Аваз оперативец.

Читателите на Аваз јавуваат дека поради пожарот е евакуирано и населението.


Слично

Поврзани вести