Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГНЕВОТ НА СТИВНУВА: Протести во Словенија откако Роми убија угостител

(ВИДЕО) ГНЕВОТ НА СТИВНУВА: Протести во Словенија откако Роми убија угостител

По вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, словенечката влада презентираше голем број мерки за борба против криминалот и зголемување на безбедноста, вклучувајќи го и таканаречениот „Закон на Шутар“.

Овој закон е именуван по 48-годишниот угостител Алеш Шутар, кого група Роми го убија неодамна. 

Вчера, истражниот судија во Ново Место нареди притвор на Сабријан Јурковиќ (21), осомничениот за убиството на Шутар. Според наодите на судот, Шутар се обидел да го брани својот син пред ноќниот клуб „Патриот“ во ноќта од петок кон сабота, кога еден од напаѓачите го удрил во главата, нанесувајќи му сериозни повреди што доведоа до неговата смрт. Јурковиќ одби да се изјасни за виновен на суд и се соочува со казна од пет до 15 години затвор.

Како што објави словенечката новинска агенција СТА, Јурковиќ веќе е регистриран како малолетник за имотни кривични дела и насилни кривични дела, вклучително и сексуална злоупотреба на лице под 15 години.

Смртта на Алеш Шутар предизвика шок низ цела Словенија и почна бран протести. Илјадници граѓани, проценети на околу 10.000, се собраа на централниот плоштад во Ново Место, барајќи построги казни за насилните сторители, укинување на социјалните бенефиции за лицата кои повторуваат кривични дела, како и поефикасна интеграција на ромските деца во образовниот систем.

Многумина собрани носеа црни маички со натписи „Правда за Аца“ и „Доста е!“, додека на плоштадот се вееја словенечки знамиња и транспаренти со пораките „Не се откажуваме“ и „Сакаме решенија“. Собирот почна со минута молчење за убиениот угостител, а потоа плоштадот беше исполнет со извици „Ацо! Ацо! Ацо!“


Слично

Поврзани вести