Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ѓоковиќ пристигна во Белград и тивко си замина

(ВИДЕО) Ѓоковиќ пристигна во Белград и тивко си замина

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград со лет од Дубаи на аеродромот „Никола Тесла“.

Новак претходно беше депортиран по 11 дена правна борба во Мелбурн, и покрај позитивната одлука на тричлениот судски совет на Федералниот суд во Мелбурн.

Светските медиуми со денови известуваа за преседанот во светот на спортот и тенисот.

Новак по сагата во Австралија прво да го посети Белград и да биде со семејството.

На аеродромот „Никола Тесла“ околу 11.30 часот почнаа да се собираат навивачите на Ѓоковиќ, како и бројни медиумски екипи.

Тој со лет од Дубаи пристигна во 12:16 часот, но ги заобиколи медиумите и без помпа го напушти аеродромот.

Неколку десетици навивачи му скандираа, но тој не зборуваше, со што најави дека нема да и обрнува внимание на јавноста за време на Австралија опен.

Информациите од местото на настанот јавуваат дека Ѓоковиќ го напуштил аеродромот без огласување.

Тој во Австралија изјави дека нема да и обраќа внимание на јавноста за време на турнирот во Мелбурн.

Пред аеродромот и по неговото заминување се уште го чекаа голем број фанови и медиуми.


Слично

Поврзани вести