Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Германска лабораторија: „Бомбите“ на Заев се автентични

(ВИДЕО) Германска лабораторија: „Бомбите“ на Заев се автентични

Врз основа на анализа на еден од телефонските разговори, кои со месеци наназад ги објавува опозицијата, меѓу владини функционери, германска лабораторија ја потврдува нивната автентичност, пренесува "Ал Џезира".

Станува збор за германската лабораторија "Тонамбуланк", која има направено анализа на барање на "Ал Џезира". Се работи за разговор, во кој, како што рече Зоран Заев при претставувањето на една од бомбите, се договара провизија од кинеска компанија која гради автопат во Македонија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4gL9zlU44ew[/embed]

Експертот за аудиоснимки Фабијан Шерер анализирал само дали се монтирани снимки, а не она на кого му припаѓаат гласовите.

"Сметам дека станува збор за оригинал. Не може да се каже со сигурност од 100%, но на 99% тоа е оригиналниот запис", тврди експертот.

Тој вели и дека опремата која се користи за прислушувањето, е професионална. "Станува збор за доста чист глас, а од другата страна има малку шум. Формат од 8000 бита е карактеристичен за професионална опрема и затоа мислам дека е професионална снимка", вели тој.

Германскиот експерт е категоричен дека е многу тешко да се монтира сличен запис.

Слично

Поврзани вести