(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Пленумци вечерва ќе ноќеваат на Машински факултет
Пленумци денеска го освоија и под закрила го земаа и Машински Факултет.
Вечерва е исполнет со оние кои му припаѓаат и оние на кои тој им припаѓа - студентите а истите планираат таму да преспијат.
Холот на факултетот е нивната соба за престој а се планира да преспијат во читалната.
Во текот на денот група граѓани им доставуваа кебиња, храна и разни производи кои би им биле од корист додека престојуваат таму.
Тие преку низа пораки испишани на ливчиња порачаа што се му недостасува на нивното образование. Нивната креативност и сплотеност нема крај. Не се предаваат и нема да попуштат се додека нивните барања не се исполнат целосно а дотогаш преку низа кративности ќе докажуваат дека имаат право да бидат слушнати и дека Факултетите им припаѓаат на нив.
Слично
