Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Футуристичка фарма во БиХ: Кравите спијат на душеци и слушаат музика!

(ВИДЕО) Футуристичка фарма во БиХ: Кравите спијат на душеци и слушаат музика!
Во Босна и Херцеговина, земјата во која речиси половина од населението живее на раб на сиромаштија, кравите на една фарма имаат луксузен третман - спијат на душеци, слушаат музика... Токму заради ваквиот третман, фармата во Козарац чиј сопственик е Јусуф Арифагиќ, норвешки бизнисмен по потекло од БиХ, е уште позната и како „Хотел за крави“. Низ целата фарма е спроведен компјутеризиран и систем за климатизација, а целиот процес во модерно опремените хали е автоматски. Се регулира температурата, интензитетот на светлина и чистењето. „Никој не треба да им завидува на моите крави. Сите треба да се свесни дека патот кон подобра иднина лежи во науката“, вели 52-годишниот фармер кој овој концепт го донел во БиХ од Норвешка, каде што живеел како бегалец за време на војната. Арифагиќ инвестирал 8 милиони евра во оваа футуристичка фарма, со надеж дека и останатите ќе го следат неговиот пример. Системот е веќе докажан во Норвешка - се покажало дека во вакви услови кравите даваат повеќе и подобро млеко и поквалитетно месо. http://www.youtube.com/watch?v=Mn6_ujqiyYw
Слично

Поврзани вести