(ВИДЕО) Фрлена бомба пред училиште и градинка
Силна експлозија утрово го потресе хрватскиот град Дубровник околу 3 часот пред една градинка, објавија локалните медиуми.
Возило „опел вектра“ со дубровачки регистарски ознаки е целосно уништено, а ветробранското стакло на автомобилот летало 40 метри. Се смета дека станува збор за пресметка меѓу навивачите на „Торцида“ и „Бед блу бојс“. Сопственикот на автомобилот, кој инаку е припадник на навивачката група „Бед блу бојс“, вели дека и претходно му фрлиле слично пиротехничко средство во неговиот дом.
Слично
