(ВИДЕО) ФРЛАА СНЕЖНИ ТОПКИ ПО ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА: Петков им вратил
Денеска се слави 144 годишнината од ослободувањето на Бугарија, а премиерот Кирил Петков присуствуваше на прослава под Шипка. Толпата ги исвиркуваше владините претставници, а откако Петков го заврши говорот по него фрлаа со снежни топки.
Кадри од БНТ покажуваат дека после тоа премиерот нагло почнал на фрла топки, а обезбедувањето не успеало да го спречи. Подоцна бил виден и како разговара со луѓето кои свиреле и ги фрлале топките, но поради скандирањата не се слушнало што зборува.

Станува збор за илјадници кои с еподдржувачи на Русија во моментот и дошле на прославата со руски и бугарски знамиња. Извикувале повици за оставка, квалификации како „американска база“, „предавници“ и „НАТО надвор“.
Пред ескалацијата на тензиите по говорот на премиерот, тој неколку пати бил виден како става прст пред уста повикувајќи на молк, бидејќи скандирањата не престанувале ниту за време на погребната молитва.
И покрај агресијата, премиерот успеал да стигне до споменикот во придружба на обезбедувањето.
Погледнете го видеото од она што се случувало овде.
„Се додека сме поделени во различни групи, време е Бугарија да каже дека е обединета, сите сме Бугари и сите го славиме националниот празник на Бугарија“, рече премиерот.
Секој што сака да направи поделба денеска на државниот празник не работи во интерес на нашата држава. Време е да се каже дека Бугарија е над се, заклучил тој.
Традиционално, на церемонијата на Шипка присуствуваше и претседателот Румен Радев.
