Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ФРАНКФУРТ: Жена извикува „Да живее Вучиќ“, а потоа паѓа од велосипедот

(ВИДЕО) ФРАНКФУРТ: Жена извикува „Да живее Вучиќ“, а потоа паѓа од велосипедот

На видеото од протестот во Франкфурт за поддршка на српските студенти, може да се види жена која со велосипед поминува покрај демонстрантите и вика „Да живее Вучиќ“. Ова се случи за време на 15-минутниот молк за жртвите кои на 1 ноември лани загинаа во Нови Сад, откако врз нив се урна натстрешница од Железничката станица. 

Подоцна жената паѓа од велосипедот, а присутните се смеат. Некои од нив и ракоплескаат, додека жената си заминува.

„Кармата деновиве работи со полна брзина“, „Падна сама, сама се уби“, „Па ова е хитот на денот“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.

Студентите во Србија протестираат и бараат да се објави целата документација во врска со уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад која предизвика трагедија. Во несреќата загинаа 14 луѓе, а едно лице потоа почина во болница од повредите. Во Нови Сад загина и македонскиот научник Васко Саздовски. 

Слично

Поврзани вести