(ВИДЕО-ФОТО) ЗАПОЧНА ВОЈНА ПОРАДИ УРНАТИОТ АВИОН: Во тек е дипломатско бомбардирање помеѓу Русија и Турција!
Турското соборување на рускиот воен авион на границата со Сирија е од типот на инциденти од кои многумина стравуваа од кога Русија ги започна своите воздушни операции во Сирија и сега може да се очекува „дипломатска војна“, наведува дописникот на Би-Би-Си во краток коментар.
„Опасната операција во близина на турската граница беше повеќе од очигледна“, се наведува во коментарот.
Турција соопшти денеска дека е урнат руски авион Су-24 на нивната граница со Сирија, дека авионот го прекршил нивниот воздушен простор и дека е урнат бидејќи ги игнорирал предупредувањата. Руското министерство за одбрана потврди дека е урнат руски авион крај границата со Сирија, но и дека летал исклучиво над сириска територија.
Турските авиони веќе урнале барем уште еден авион на сириската воена авиација и можно е и еден хеликоптер потсетува дописникот на ББС.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8zmkZhmpYUY[/embed]Тоа укажува дека има спротивставености: извештаите околу тоа дали рускиот авион е урнат од земја како што наведува Русија или го урнале турски воени авиони, како што тврди Турција.
„Воздушната операција во преотовареното небо над Сирија само што стана значајно покомплицирана“, наведува дописникот на Би-Би-Си и додава дека единствен олеснувачки фактор на првичниот извештај кој укажува дека двата руски пилоти се катапултирале и спасиле од погодениот авион.

