(ВИДЕО-ФОТО) Војна во Атина: Анархисти го заземале седиштето на Ципрас – „Сириза“
Ја опколиле зградата, закачиле транспаренти и помеѓу најважните барања биле исполнувањето кое го бараат и укинување на контровезниот затвор во кој се најголемите криминалци и терористи.
Група на анархисти денеска го окупирале седштето на владеачката партија Сириза во знак на подршка за штрајкувачите со глад кои протестриаат поради лошите услови во грчките затвори со најголем степен на обезбедување.
Групата од педесет анархисти влегла во просториите на Сириза во центарот на Атина, принудувајќи ги лугето да ја напуштат зградата, соопштуваат АФП.
Потпаролката на партијата Танија Свигу изјавила дека вработените не повикале полиција.
Сириза порано постојано ја критикувала острата интервенција на полицијата кон протестантите за мерките за штедење, подсетуваат од АФП.
Анархистите на балконот од зградата закачиле транспарент со кој се повикува на укинување на контровезниот затвор од типот Ц, во кој се наогаат најозлогласените грчки криминалци и терористи. Активистите тврдат дека затворениците се изложени на непотребни остри режими на затворениците во тој затвор и дека не им е дозволен контакт со семејствата, соопштуваат од АФП.
Тие исто така побарале ослободување на Саваса Ксироса, бомбаш од екстремистичката терористичка група „17 ноември“, кој е осуден на доживотен затвор и е во лоша здравствена состојба.
