Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Во Кина презентиран првиот ултрамодерен воз за македонските пруги

(ВИДЕО-ФОТО) Во Кина презентиран првиот ултрамодерен воз за македонските пруги

Наскоро старите возови ќе заминат во историјата,  ќе се креира нова слика за железничкиот транспорт во Македонија.

Денеска во Кина министерот Владо Мисајловски ја имаше честа прв да го види првиот од шесте ултрамодерни возови кои ќе возат по македонските пруги.

voz1

Од кинеската корпорација CSR ќе се набавуваат четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај и оваа компанија конечно би требало да го модернизира патничкиот железнички сообраќај во земјата, а министерот Мисајловски заедно со  директорот на МЖ Транспорт Никола Костов ќе се сретнат со менаџментот на ЦСР и ќе разговараат за реализацијата на договорот.

voz3

Гарнитурите со капацитет од 1.200 патници треба да стигнат следното лето. Целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди, како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност.

voz3

Уште летово се очекува пристигнувањеето на првиот воз, а другите неколку ќе пристигаат во следните месеци, етапно еден по еден.

voz5

Лани Владата соопшти дека планира голем инвестициски циклус во Македонската железница со изградбата на пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железницата во Скопје како и набавката на нови вагони.

voz7

Во следните четири години планирани се инвестиции од 250 милиони евра за трансформација и реорганизација на македонскиот железнички сообраќај. За набавка на нови патнички вагони предвидени се 25 милиони евра, за товарни вагони 15 милиони евра и 10 милиони евра се за рехабилитација на веќе постоечки возови, изјавија тогаш надлежните.

Она што сите ги интересира : Дали новите возови ќе ги зголемат цените во железничкиот сообраќај?

Поранешниот директор на МЖ-Транспорт Оливер Дерковски во ноември минатата година во интервју за Фактор најави дека цените за возењето со воз ќе останат исти и следната година, кога ќе стасаат новите патнички возови.

„Наредната година некаде од август ќе почнат да пристигаат новите возови кои се надевам ќе придонесат за зголемување на бројот на патници кои ќе се возат со истите цени на билетите што значи нема да има промена на цените“, рече тогаш Дерковски.

Првиот ултрамодерен воз за македонските пруги. Posted by Vlado Misajlovski on вторник, 7 јули 2015
Слично

Поврзани вести