Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Црвен аларм на Балканот: Лоша состојбата во регионот

(ВИДЕО-ФОТО) Црвен аларм на Балканот: Лоша состојбата во регионот

Најавеното влошување на временските услови, пад на температурите и одбилни поплави, стигна во поголемиот дел од регионот, а црвеното предупредување на Метеоалармот важи за Јадранот и источните делови на БиХ и предупредува на опасно невреме кое може да предизвика големи штети и незгоди со опасност по живот.

Вака денеска изгледа во Дубровник:

На хрватското крајбрежје дува ураганска бура која достигнува удари до 140 километри на час, па се во прекин многу траектски линии, а многу патишта се затворени за сите возила и засега има забрана за сите камиони со приколки кои не можат за возат низ внатрешноста на Далмација и Хрватското приморје и обратно, овие податоци се од хрватскиот авто клуб.

Циклонот Реа кој е над Хрватска, во Славонија се предвидува да паѓа трнлив дожд и лапавица, а во Личи и Горски Котар со снег. Ветерот го дигнал кровот на едно основно училиште во Дражица.

Сплит денеска:

Во Сплит дува страшна бура со урагански удари, а најсилно ќе дува попладне во Велебит и Далмација, што според мислењето на стручните лица, силата би можела да ја надмине ураганската бура од почетокот на февруари, пренесуваат локалните медиуми.

Во Макарска ударите од бурата преминуваат 130 километри на час, а во Подстарни интервенирале екипи кои морале да го поместат скршениот електричен столб, соопштува РТЛ, и додава дека трговското-транспортниот терминал во Сплит се урнал дел од покривот на фирмата „Далмех“, додека во областа Горно Подстране во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

crometeo

Од државниот хидрометеролошки завод на Хрватска утрово изјавиле дека голема количина на снег паднала во Бегова Раздоља, на Риснијак и по делниците, а нешто помалку во Оточуцу и Госпиќ. Поради снежните наноси во Хрватска е забранет сообраќајот за возила на 7,5 тона на граничниот премин Изачиќ, додека на другите гранични премини нема застој.

Кога е во прашање Босна и Херцеговина обилните врнежи може да предизвикаат проблеми, европскиот Метеоаларм за денеска објавува црвено предупредување на областите во источна Херцеговина и жолт за остатокот на БиХ, додека прогнозите на ФХМЗ најавуваат најобилни врнежи да има во источниот дека на БиХ.

Сообраќајот поради снегот во повеќе патни правци во БиХ се одвива отежнато, а на патниот правец Сараево - Коњич на планинскиот премин Иван потполно е прекинат сообраќајот за сите моторни возила.

saraevo

Додатни потешкотии на возачите на патот во областа Купреша, Ливна, Гламоча и Томиславград им претставува силниот ветер кој носи снежни наноси. На возачите им се советува без разлика на временските и сообраќјните услови да возат максимално внимателно и да не одат на пат без зимска опрема.

Воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром во Сараево засега функционира добро, иако снежните покривки им прават големи проблеми.

saraevo 1

Снег има и во Црна Гора - поради одводи утринава е прекинат сообраќајот за одредени категории на возила на патот Подгорица-Бело Поле, соопштија од оперативниот центар и управата на полицијата, додека авто-мото сојузот нагласува дека во поголем дел од земјите сообраќајот се одвива по влажни патишта, како и одрони и смалена видливост.

crna gora

Што се однесува Словенија, надлежните служби предупредуваат на многу јак ветер и бура во приморскиот регион и дека спаѓаат во жолтиот метеоаларм, додека кај нас сообраќајот се одвива во отежнати и влажни коловози, на повисоките места и со снег со што има забрана за тешки товарни возила на планинските премини.

Слично

Поврзани вести