(ВИДЕО-ФОТО) Трогателни сцени: Престрашени деца вриштат пред полицијата, луѓе паѓаат во несвест!
Надлежните сепак одлучија во земјата да ги пуштат чуствителните категории мигранти - луѓе со деца и трудници.
Властите кои ја зајакнаа безбедноста на границата со Грција како би го спречиле приливот на мигранти, им овозможиле на „чуствителните категории“ мигранти влез на територијата, објави владата денес.
Дозволен е влез на ограничен број на илегални мигранти иод чуствителни категории, стои во соопштението.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UtHAQdLutNc[/embed]
Тие лица ќе примат помош која им е потребна, согласно со капацитетите на земјава.
Полицијата им овозможи на неколку стотици лица, воглавно семејства со деца и трудници да ја преминат границата.
Тој контролиран премин се одвива во граничното подрачје близу до Гевгелија које специјалната полиција го блокираше вчера.
Бројот на мигранти на ничија земја помеѓу Грција и Македонија се зголеми на во текот на ноќта помеѓу четврток и петок од 1500 на 3000.





