(ВИДЕО+ФОТО) ТЕНЗИЧНО ВО ГЕВГЕЛИЈА: Мигрантите пак ја блокираа пругата
Економските мигранти кои со денови се заглавени на македонско-грчката граница, денеска ја блокираа пругата и бараат од ЕУ да ги отвори границите.
Околу 1000 мигранти со денови протестираат во меѓузоната, некои со глад, други со зашиени усти носат натписи „Ве молиме отворете ги границите”.
Тензиите се зголемија и со смртта на мигрантот на пругата Идомени, кој според первичните информации загинал од струен удар.
На македонско-грчка граница е тензично по донесувањето на решението од ЕУ, државите да ги примаат само бегалците кои доаѓаат од воени жаришта во Ирак, Сирија и Авганистан.
Оваа тензија вчера предизвика и судири на граница, каде македонската полиција употреби и солзавец за да ја разбие толпата на мигранти кои сакаа нелегално да влезат во земјата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0CMv2lKfxBY[/embed]

