Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Студеното време не ги запре студентите по трет пат да кажат „НЕ“ за државен испит

(ВИДЕО-ФОТО) Студеното време не ги запре студентите по трет пат да кажат „НЕ“ за државен испит

Студеното време денеска не ги затвори студентите дома, туку ги охрабри  и денеска масовно и мирно по трет пат кажаа „НЕ„ за новите законски измени во високото образование.

IMG_0004

Поддржани од голем број професори и граѓани уште една и порачаа на Владата да се откаже од оваа реформа.

IMG_0008

„Ние не сме насилници. На наша страна се аргументите и Уставот. Ние сакаме реформи но не вакви и не на ваков начин“, порача од Студентскиот пленум.

IMG_0005

Пофесорите едногласни ги поддржаа студентите во протестот велејќи дека порано студентите учеле од нив, а денеска тие учат од студентите.

IMG_0002

Во толпата граѓани можеше да се забележат и доста транспаренти на албански јазик што значи дека солидарноста е голема и обединета против неправдата.

IMG_0007

Имено, пред почетокот на студентскиот протест, на Филозофскиот факултет бил формиран „Професорски пленум“, а професорот Огнен Чемерски изјавил дека  ги поддржуваат активностите на студентите и оти немаат намера да прават сплетки во студентскиот протест.

IMG_0009

Според неофицијални информации за во понеделник се подготвува уште еден протест пред Собрание, но оваа информација важи за неофицијална се додека не добиеме официјална од Студентскиот пленум.

Прочитајте и за:

(ФОТО) Студентите полека се собираат пред Влада, верниот пријател-кучето меѓу првите

Предлог-законот за високо образование помина на Собраниската комисија

Студентски Пленум: Наше оружје се зборовите, не насилството!

Слично

Поврзани вести