Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Србија: Вонредни мерки во Кладово

(ВИДЕО-ФОТО) Србија: Вонредни мерки во Кладово

Поради обилните дождови Кладово и неколку околни села се отсечени од светот. Прогласена е вонредна состојба. Наскоро се очекува евакуација со хеликоптери, јавува РТС.

Подвршка река го поплавила и урнала мостот на државниот пат Кладово-Неготин.

Градоначалникот на општината рекол дека во оваа општина е прогласена вонредна состојба.

Телефонските линии се во прекин.

Во Кладово од утрово паднале 116 литри дожд по метар квадратен.

Врнежите не престануваат, а засега нема опасност за излевање на Дунав.

 
Слично

Поврзани вести