Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) СОЛУН ВО ПЛАМЕН: Обединети анархисти од Балканот се судрија со полицијата

(ВИДЕО-ФОТО) СОЛУН ВО ПЛАМЕН: Обединети анархисти од Балканот се судрија со полицијата

Aнархисти кои стигнале од цел Балкан се судриле денес во Солун со грчката интервентна полиција, откако 2000 демонстранти марширале против националнизмот во регионот, пренесуваат регионални медиуми.


Се наведува дека полицијата користела солзавец и фрлала шок бомби на анархистите, кои се забаракадирале внатре во кампусот на Универзитетот во Солун.

Агенцијата потсетува дека на полицијата со закон и е забрането да влезе на универзитетскиот кампус како би ги уапсила.


АП наведува дека собирот на балканските анархисти е организиран бидејќи активисти на ултрадесницата во јануари запалиле простории на анархистичкиот колектив во Солун.


Агенцијата оценува дека националистичките тензии и понатаму се шират на Балканот и потсетува дека во Грција и Македонија неодамна се одржани протести околу децении долгиот спор околу името на Македонија.


Слично

Поврзани вести