Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) РАМА ДОБИ ЈАЈЦЕ ВО ГЛАВА: Хаос во албанскиот парламент

(ВИДЕО-ФОТО) РАМА ДОБИ ЈАЈЦЕ ВО ГЛАВА: Хаос во албанскиот парламент

Седницата на Собранието на Албанија денеска кратко е прекината бидејќи пратеник на опозициската партија Ендри Хаша со јајца го гаѓал премиерот Еди Рама, кој во одело со бела кравата и бела кошула беше зад говорницата.

Во очекување претседателот на парламентот Грамоз Хаша да инетрвенира, Рама морал да ја напушти седницата.


Фотографијата на која се гледа како Хаша со јајца го погодува Рама ја објави екс премиерот Салил Бериша со пораката „За присутните - тост и јајца“.


Порталот Лајми фундит пренесе дека Хаша Рама го гаѓал со јајца додека премиерот бил зад говорницата, а потоа, велат следел судир на пратениците со чуварите на редот во парламентот.

Истовремено со почетокот на пленарното заседание на албанскиот парламент пред зградата се собрал голем број на ученици и студенти , кои во повеќе градови во Албанија протестираат веќе 16 дена.


Слично

Поврзани вести