Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ПУСТОШ ПОСЛЕ ТОРНАДОТО: Се проценува штетата после бурата во Јагодина

(ВИДЕО-ФОТО) ПУСТОШ ПОСЛЕ ТОРНАДОТО: Се проценува штетата после бурата во Јагодина
После невремето кое погоди поедини делови на Србија, посебно се исплашиле жителите на Јагодина кои забележале необична појава во својот град. Имено, како што може да се види на снимките кои се веќе го преплавија Фејсбук и Твитер, а и видеа на Јутјуб, во Јагодина на небото се појавила пијавица, односно торнадо. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/e2E8zlRULp4[/embed] Невремето почнало околу 13:30 часот и траело околу половина час. Веднаш потоа над градот, од западната страна, се појавил црн облак во вид на пијавица. И сами може да забележите дека после торнадото останало пустош. tornado-jagodina-nevreme-pustos-foto-citalac-kurira-1464100748-913641 Летале кровови, контејнери, а најмалку две куќи претрпеле голема штета. Бурното невреме, пропратено со дожд, град и силен ветер кој вчера ја зафати Јагодина, најголема штета направило во селото Драгоцвет. Во тоа село се оштетени над 35 куќи . tornado-jagodina-nevreme-pustos-foto-citalac-kurira-1464100748-913641 Како што соопштила Информативната служба на градот, во Драгоцвет, околу 10 км западно од Јагодина, се урнати или оштетени крововите на 35 куќи, а штетата е направена и на земјоделската механизација. Српските медиуми пренесуваат дека  на терен е и Комисијата за проценка на штетата која ќе го утврди точниот обем на оштетување кое домаќинствата го претрпеле. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/yTpLtmqgczI[/embed]
Слично

Поврзани вести