Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Протестот на ФЕМЕН против Марио Драги и ЕЦБ

(ВИДЕО-ФОТО) Протестот на ФЕМЕН против Марио Драги и ЕЦБ

Девојка скокна на масата, на која Европската централна банка и нејзиниот гувернер Марио Драги имаше прес-конференција , и расфрли протестни флаери.

mario dragi femen 2

Невообичаено за централата во Франкфурт инцидентот заврши брзо, девојката беше изнесена на раце од обезбедувањето, а беше и прекината средба со новинарите која продолжи малку подоцна.

mario dragi femen 1

Одговорност за акцијата е феминистичко движење „FEMEN“, познато со демонстранти жени, голи до половината.

mario dragi femen 4

Овој пат објаснувањето за протестот им е дека изразиле незадоволство од машката „економска, културна и идеолошка окупација“.

mario dragi femen 3

Според полицијата девојката е од Хамбург и има 21 година. Во соопштението на ЕЦБ се наведува дека девојката се регистрирала како новинарка и ги поминала проверките за безбедност во зградата. „Ројтерс“ раскажува дека на распрснатите летоци ЕЦБ е наречена „незаконита институција“, како и дека „Една прес-конференција не е доволна за да ја наречеме демократија ... Долгот на ЕЦБ уште не е платен!“.

mario dragi femen 5

Драги ретко доживеал слични моменти, бидејќи видливо беше исплашен и шокиран, за да се заштити, додека девојката извикуваше „Стоп за диктатурата на ЕЦБ!“.

mario dragi femen 6

За брзо време Драги стана една од водечките во активни теми на „Твитер“, што не е вообичаено за централен банкар.

mario dragi femen 7

„Вториот дел од пресконференцијата не може да се мери по возбудливите моменти со првите неколку минути“, шеговито коментира инвестициската банка ING за време на состанокот со клиентите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/5j66fb0qSao[/embed]
Слично

Поврзани вести