(ВИДЕО-ФОТО) Протестната поворка завршена, пораките до надлежните пратени!
Заврши протестот на кој излегоа околу 4000 незадоволни хонорарци, граѓани, новинари, студенти преведувачи, глумци, музичари да го искажат нездоволството и несогласувањето околу измените на Законот за придонеси кој треба да стапи на сила од 1-ви јануари следната 2015 година.
„Профитери“, „Нема да ви плаќаме“, „Пак ќе се вратиме“, се само мал дел од паролите кои толпата ги извикуваше за време на протестот кој започна паркот Жена-борец, преку Министерството за труд и социјала, завршувајќи пред Владата на РМ.
Според хонорарците владата ќе нанесе непроценлива штета на најранливата категорија работници „наплатувајќи“ 37 отсто од нивниот хонорар за придонес со што ќе ја влоши и онака лошата егзистенцијална положба.
„Новинарите кои што веќе една третина се во хонорарен работен однос, начинот на кој ние денеска го покажуваме нашето незадоволство е последица од игнорирањето, па и манифестацијата на презир кон сите обиди за разговор и укажување дека овие измени ќе ги осиромашат сиромашните, а богатите ќе си останат богати“, рече Тамара Чаусидис, синдикалниот лидер на новинарите.
„Овие законски измени ќе доведат до големо осиромашување на граѓани кои и така земаат ниски хонорари, бидејќи се принудени да работат за хонорар, а не за плата. Дополнително, може да значи дека нивните газди ќе ги отпуштат од хонорарен ангажман со што ќе се зголеми невработеноста. Директно се засегнати сите хонорарни работници, но овие законски измени отвораат голема опасност газдите да злоупотребат и сегашни вработени и нововработени да бидат префрлени од редовен во хонорарен работен однос, со што дополнително ќе им се намалат работничките права“, нагласува Здравко Савевски од Ленка.
Надлежните органи пак остануваат децидни на одлуката дека нема да попуштат на притисокот и дека од први јануари законот за хонорарци ќе стапи на сила.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/22/foto-zakon-za-honorartsi-ke-gi-osiromashi-siromashnite/" target="blank" ]Закон за хонорарци ќе ги осиромаши сиромашните[/button]
(ВИДЕО:Фејсбук)





