Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Проектот „Белград на вода“ не е само сон

(ВИДЕО-ФОТО) Проектот „Белград на вода“ не е само сон

Премиерот на Србија Александар Вучиќ и инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати Мухамед ел Абар денеска свечено ја отворија реновираната зграда на „Геозаводот“ и го претставија новиот план проект „Белград на вода“.

Вучиќ изјави дека овој проект представува една од петте најубави згради во Србија, која е обновена благодарение на инвеститорот од  Обединетите Арапски Емирати.

Инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати и се заблагодари на Владата на Србија и на укажаното поверение во неговата компанија и рече дека е задоволство да се работи во Србија.

 Во текот на свеченото отворање, пред Железничката станица во Белград е поставено големо рекламно пано, на кое е прикажан „Белград на вода“ со пораката „Го славиме Белград“.

Имено, арапскиот партнер, компанијата „Игл хилс“, ќе вложи 3,1 милијарда долари во проектот на десниот брег на Сава, во Савскиот амфитеатар, и како што е најавено, ќе изгради околу два милиони квадрати станбено-работен простор.

Се очекува со работа да се почне во наредната градежна сезона, односно во февруари или март наредната 2015 година, а најпрво ќе бидат изградени кула од 210 метри и шопинг мол.

Во првата фаза се планира да бидат изградени и четири посебни згради-два хотела и две станбени единци.

Освен што ќе го промени изгледот на главниот град, проектот „Белград на вода“ ќе ја вработи градежната индустрија и голем број граѓани од целата земја.

Премиерот на Србија истакна дека проектот  „Белград на вода“ е проект на цела Србија, кој ќе унапреди многу сектори, а посебно градежната индустрија.

Слично

Поврзани вести