ВИДЕО+ФОТО: Поддржувачите на Ердоган упаѓаат во книжарници, уништуваат книги на Ѓулен
Поддржувачите на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган упаѓаат во книжарници и ги растураат во знак на одмазда поради обидот за државен удар во петокот. Тие со денови се собираат во градовите низ Турција, за да му дадат поддршка на Ердоган, а некои од нив сакаат да се пресметаат со оние што мислат поинаку.
Ердогановите поддржувачи упаднале во една книжарница во Малатја во југоисточна Турција во регионот на Анадолија и кршеле внатре.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/obnWb8A08Dc[/embed]Уништени се книгите на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Ердоган го обвинува за обидот за преврат. Книгите на имамот се изгорени и во турскиот дел на Фамагуста на Кипар.

Слично

