(ВИДЕО-ФОТО) Плачат косовските пратеници: Повторно фрлен солзавец во Косовското Собрание!
Во Собранието на Косово повторно е фрлен солзавец, и покрај строгата контрола на влезот во самата зграда.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/48arwPauYiU[/embed]Лидерите на опозицијата во меѓувреме ги заземаа „своите места“ пред собраниската говорница и му сметаа на претседателот да го започне заседанието. Сите пратеници го напуштиле Собранието.
Минатиот четврток солзавец во парламентот во текот на заседанието фрлил основачот на радикалното опозициско движење Самоопределување Албин Курти, инаку најжесток противник на бриселските договори, формирање на Заедница на српски општини како и спогодба за демаркација со Црна Гора.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/eyb4zx3lR0M[/embed]Тензиите во Приштин растат, посебно после приведувањето на Курти во понеделникот вечерта и демонстрации на неговите приврзаници, во текот на кои се повредени 15 лиџа, од кои 14 полициски припадници.


