(ВИДЕО-ФОТО)Петмина повредени по тепачката во Турскиот парламент
Тепачката на пратеници се случила во турскиот парламент откако пратенциите од опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог закон за безбедност, кој на полицијата би и дал поголеми овластувања за време на претресите и апсењата.
Пратениците физички се нападнале на затворената седница, откако опозициските пратеници во обид да го спречат усвојувањето на законот поднеле неколку барања кои немале врска со оваа тема.
Пет пратеници се повредени во турскиот парламент во кој летале столици, а пратениците се удирале со чеканчето и звоното со коешто се служи претседателот на парламентот за време на заседавањето, јавуваат турските медиуми.
Во болница се пренесени двајца пратеници, додека уште двајца пратеници им е пружена помош во амбулантата во зградата на парламентот.



