(ВИДЕО-ФОТО) ПАДНА КРВ: Илјадници мигранти го пробија кордонот, полицијата возврати со шок бомби!
Илјадници бегалци упаднаа во Македонија, откако го пробија полицискиот кордон на границата со Грција.
Според информациите околу 2.000 мигранти влегле на македонска територија, поминувајки покрај полицајците со штитови.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/elecodiario/status/635088008849588224/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]При пробивањето на кордонот биле повредени неколку луѓе. Македонската полиција пукала со шок бомби.
До немирите дошло кога полицијата одлучила да пушти група мигранти со мали деца да ја преминат границата.
Поради силата на толпата кордонот бил пробиен и илјадници други мигранти го искористиле моментот да претрчаат преку полето што не било заштитено со бодликава жица.
Неколку деца ги изгубиле своите родители во хаосот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KVaRvrGLipI[/embed]Ова е втор ден на судирите помеѓу имигрантите и македонската полиција, која се обидува да ги спречи да го продолжат патот на север кон земјите од ЕУ.
Во ноќта спроти сабота полицијата пуштала мали групи семејства со деца да ја преминат границата и да стигнат пеш до железничката станица во Гевгелија. 600 лица се качиле во воз во 5 часот наутро во Гевгелија и заминаа на север кон Србија. Потоа бегалците се насочуваат кон Унгарија, објави „Ројтерс“.
Полицијата употебила шок бомби и влезе во судир со мигрантите кои сакаа да ја преминат границата во петокот, еден ден откако македонската влада прогласи вонредна состојба на границата, за да запре бегалскиот поток.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zkAjx5VjGec[/embed]Претходно ОН изрази загриженост поради насилните мерки кои се користат од македонската полиција за борба со безредијата за растерување на бегалците кои се обидуваат да преминат од Грција во Македонија.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН ја повика владата во Македонија да создаде „организирано управување“ на границите.
Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш разговарал во саботата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и добил уверување дека границата нема да биде затворена во иднина, посочи седиштето на организацијата во Женева .
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XrTW64L3vRo[/embed]Гутериш исто така ги повика властите во Грција да обезбедат итна помош за луѓето кои се наоѓаат од грчката страна на границата.
(ФОТО:Ројтерес)











