Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Ова се водачите на УЧК кои сакале да го заземат Куманово?

(ВИДЕО-ФОТО) Ова се водачите на УЧК кои сакале да го заземат Куманово?

Министерството за внатрешни работи на Македонија на својот официјален канал објави фотографии и видео снимки на уапсените албански терористи и нивните водачи кои пред два дена тргнаа во пресметка со полицијата во Куманово.

teroristi-ovk-napad-kumanovo-foto-printscreen-1431344366-657977

МВР соопшти дека се работи за една од најозлогласените терористички групи која требало да го запали целиот регион. Кај нив е пронајден голем арсенал на оружје, а лидерите на вооружената група биле Мухамед Красниќи

teroristi-ovk-napad-kumanovo-foto-printscreen-1431344366-657985

познат како командант Малишев, Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато, Сами Ушкини, познат како командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бег, Дем Шех викан Јуник и Џафер Зумбери од Џаковица.

teroristi-ovk-napad-kumanovo-foto-printscreen-1431344366-657979

Ризај Бег (Командат Бег) бил припадник на Ослободителната војска на Косово во зоната Дукаџин, под команда на Рамуш Харадинај. После војната, едно време бил негов телохранител.

teroristi-ovk-napad-kumanovo-foto-printscreen-1431344366-657989 Мухамед Красниќи или Командант Малишев. Неговиот брат Албан бил висок функционер на движењето на Самоопределување на Ајбин Курти.

teroristi-ovk-napad-kumanovo-foto-printscreen-1431344366-657983

Мирсад Ндредцај (Командант НАТО) познат е по врската со Харадинај. Во текот на војната во 2001 година, бил еден од локалните команданти на Ослободителната национална армија. Неодамна ја презема одговорноста за нападот на караулата Гошинце, тврдејќи дека за таква акција се одлучил бидејќи албанските лидери, поради лични интереси, ги предале идеите за кои се борел.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/JVPJPoift7s[/embed]

 Сослушани кај истражен судија: Терористите еден месец во притвор

Основното јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција во Скопје поднел кривична пријава поради тероризам, загрозување на јавниот поредок и безбедност, против 30 лица кои во саботата и се предадоа на полицијата, а беа дел од терористичката група која на 9 мај имаше престрелки со полицијата во Куманово. На сите им е одреден притвор од 30 дена.

За 18 уапсени од групата во Куманово, утвредено е дека се од Косово, деветмина се државјани на Македонија, а еден уапсен е албански државјанин со жителство на Германија. Неколкумина од нив признале дека во Македонија влегле по илегален пат. Од групата од 30 уапсени 23 од нив се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност, здружување поради непријателски активности и недозволено држење оружје, додека седум притворени се сомничат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Слично

Поврзани вести