Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Нов земјотрес во Грција: Се тресеше Крит неколку часа по катастрофата на Кос

(ВИДЕО-ФОТО) Нов земјотрес во Грција: Се тресеше Крит неколку часа по катастрофата на Кос

Неколку часа откако островот Кос и турското летувалиште во Бодрум беа погодени од силен земјотрес, тлото во Грција повторно се затресе. 

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер ја погоди околината на Крит.

Земјотресот се случи во 13:36 часот по локално време. Грчкиот геолошки институт објави дека потресот бил на десет километри длабочина, со епицентар на 37 км западно од градот Јерапетра во округот Ласита.

Се наведува дека нема податоци за материјална штета и повредени.

Најмалку две лица загинале, а повеќе од 450 се повредени во земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтерова скала кој се случи рано утрово во Егејското море во близина на популарните грчки и турски туристички дестинации Кос и Бодрум.


Ова се последиците од вчерашниот земјотрес:


Слично

Поврзани вести