(ВИДЕО-ФОТО) Мостови летаат во воздух: Блокиран патот за Доњецк
Припадници на проруските сили дигнале во воздух три моста на најважните патни правци кон Доњецк, надевајќи се дека на тој начин ќе го забават напредувањето на украинските сили, јавува агенцијата АП.
На веб-сајтот на украинскиот претседател Петро Порошенко е објавено дека во Артјомвск и Дружковка се истакнати Украинските знамиња, јавува Би-Би-Си, само два дена откако украинските сили го превземаа едно од главните жаришта на проруските сили, Славјанск.
Дописникот на БиБиСи од Киев Дејвид Стерн оценил дека Артјомвск и Дружковка не се сметаат за стратешки важни како Славјанск, но нивното превземање укажува на тоа дека украинскиот сили се упатени натаму.
И покрај човечките загуби и опрема, проруските сили се` уште ги држат регионалните престолнини Доњецк и Луганск, како и други клучни области.
Високото официјално унгарско лице на безбедносните сили Мајкл Ковал, сепак, најави дека Луганск и Доњецк ќе бидат ставени под опсада, додека проруските сили не се предадат.
„Постои стратешки план, кој е веќе одобрен. Тие градови ќе се најдат под целосна блокада. Таквите мерки ќе резултираат со тоа што сепаратистите, или да ги наречам разбојници, ќе мора да го положат оружјето“, рече Ковал.
Четири лица се повредени во Киев, на централниот плоштад Мајдан, каде сé уште се собираат припадници на „групата на самоодбрана“.
Украинската полиција соопшти дека повредените лица се примени во болница со трауматски повреди кои синоќа во Мајдан им се нанесени со огнено оружје.
По подолга медицинска помош, тие сами ја напуштиле болницата.
Според прелиминарните извештаи, пукањето е резултат на „конфликтот помеѓу луѓето кои се нарекуваат себеси членови на самоодбрана на Мајдан“, јавува Гласот на Русија.
Мајдан плоштадот беше центар на неколку месечни демонстрации во Украина кои започнаа кон крајот на минатата година, кога поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович одбил да го потпише договорот со ЕУ.
ВНИМАНИЕ! Видеото е со вознемирувачка содржина, не се препорачува за помлади од 18 години.