(ВИДЕО-ФОТО) МОМЧЕ ВО СОЛЗИ, САМО, БЕЗ РОДИТЕЛИТЕ: Во возот за Србија, ќе изгубеше се!
Македонија и Србија се потешко се справуваат со напливот на очајните бегалци, повеќето Сиријци, а сцените кои доаѓаат од земјава ја ужаснуваат Европа, посебно бирократите од Брисел.
Драматично денес беше во Гевгелија, каде камерите забележале очајни мигранти како се тепаат за своето место во возот за Србија.
Медиумите пренесуваат дека хаосот настанал после доцнењето на возот, а повеќе од илјада мигранти настојуваа да дојдат до место во него. Следи гужва, земање на места, па дури и тепачки. Некои од вагоните изглеуваа со полесни повреди.
Со викотници, туркање, ударање и закани со ножеви, најбрзите и најсилните успеале да влезат, а најлошо поминаа оние со мали деца.
Во стампедото при влегување во возот можеше да се видат деца кои плачат и довикуваат своите родители, а возрасните беа прилично збунети и трчале да го заземат своето место, за да дури по влегувањето прашаат дали тоа е возот кој оди кон Србија.
Едно момче дословно е фрлено во возот заедно со масата, а потоа сфатило дека семејството му останало надвор. Очајнички ја довикувало мајка си, а потоа низ прозор го исфрлија надвор.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/IYnVw7mHMRk[/embed] ВИДЕО-ФОТО: Танјуг



