(ВИДЕО-ФОТО) МЕСТО ВО ВОЗ: Најголема среќа за бегалците, патуваат кон подобро утре!
Железничката станица во Гевгелија, каде се соберени мигрантите од Блискиот исток, денес е преполна, присутна е нервоза, но нема инциденти и туркања како би се влегло во вонредните вагони кон Табановце, граничниот премин со Србија.
За да би влегле во вагоните, мигрантите чекаат во ред, видно возбудени, и покрај заморот и исцрпеноста среќни се, а кога влезат во вагоните, мафтаат и со прсти покажуваат "V", знак за победа. Нивна цел се Германија, Норвешка , Шведска и други земји.
Еден испаничен маж со детето на грб одбивал да влезе во возот, извикувајќи дека тоа не го сака додека со него је биде и неговата жена. Полицаецот го тешел со зборови да не се грижи и дека сите ќе влезат, па и неговата сопруга, што после некое време и се случило.
Во возот до Табановце, на северната граница кон Србија, Садим од Сирија раскажува дека се упатил кон Германија, До Македонија, вели, дошол преку Турција . На репортерот на Танјуг му раскажал дека не очекувал дека ќе биде запрен на нашата граница. Семејството е со него и е среќен што го продолжуваат патот, бидејќи, како што вели, слушнал дека Србија не прави проблеми со бегалците. Уверен е дека наскоро неговото семејство и тој ќе го постигнат посакуваното и ќе дојдат до Германија.
За Ахмад од Авганистан немало поголема среќа од моментот кога влегол во возот за Табановце. Тој сака во Норвешка, заедно со Моамер кој е во Пакистан. Многу, меѓутоа, одбиваат да говорат пред камера, бидејќи, како што објаснуваат, се плашат за безбедноста на нивните најблиски кои останале во воено зафатената Сирија и другите земји од Блискиот исток. Според неговите зборови, ако некој кој не треба, ги види на ТВ, нивните блиски би можеле да се соочат со она најлошото.
На патот кон Табановцетие се среќни, бидејќи барем на некое време ќе се сокријат од дождот кој од утрово врне во овој дел на замјата, но и уверени дека се на добар пат „кон подобро утре“.
Волонтерка на македонска НВО „Помогнете им на мигрантите“ Александра Давидовска рекла дека мигрантите во Табановце ги чекаат автобуси на УНХЦР кои ќе ги возат понатаму кон Србија.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UxHDhaRNggc[/embed]







