(ВИДЕО-ФОТО) Лелек и плач во Тетово: Дводневна жалост поради 4 жртви на страшната поплава!
Општина Тетово прогласи дводневна жалост откако во поплавите настрадаа четири лица додека едно девојче се води како исчезнато а најмалку 11 лица се повредени.
Ден на жалост ќе биде денес и утре.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kAyYLW7lMqE[/embed]Во бурата настрада едно возрасно лице и три деца. Невремето кое траеше петнаесет минути предизвика голема материјална штета на јавна и приватна сопственост.
Оштетени се објекти, инфраструктура и земјоделско земјиште. Според почетните информации оштетени се преку 200 згради. Висната на штетата ќе ја процени владина Комисија.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4e-a4ds9XkA[/embed]На оштетените семејства ќе им биде исплатена еднократна помош од 30 илјади денари или помалку од 500 евра.
Слично



