Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Како изгледа Обреновац денеска

(ВИДЕО+ФОТО) Како изгледа Обреновац денеска

Во Обреновац водата се повлекува, но и понатаму сите делови од градот се под вода. Евакуацијата продолжува. Заштитата на Термоелектраната беше приоритет ова утро, јавуваат тамошните медиуми.

Започна дезинфекцијата на теренот и собирањето на мртвите животни се со цел да не дојде до ширење на зарази и болести. Враќање на жителите во Обреновац не е дозволено.

Како што јавува репоретерот на блиц.рс, водата и понатаму го покрива стадионот во населбата Вашариште, а главната раскрсница во градот, на улицата Милош Обреновиќ ја дели огромна бара длабока скоро еден метар.

Граѓаните од едениот на другиот крај мораат да поминат со воени камиони, додека со храна и вода се снабдуваат од полицијата во центарот на градот.

Жителите од населбата Тополица ќе излезат од градот, бидејќи тоа им е препорачано поради зарази, но сепак некои од нив ќе останат да ги чуваат домовите.

Полицијата од седум часот не дозволува да се влегува во градот. Тука се војската, руските спасувачи и членови на шумската полиција.

Слично

Поврзани вести