(ВИДЕО-ФОТО) Хорор кај Ниш: Турски камион полн лубеници усмртил четири лица!
Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 4 часот на автопатот недалку од Ниш.
Тешката несреќа се случила кај мотелот „Наис“ после поминувањето на наплатната рампа, во насока кон Белград кога турски камион од засега непознати причини налетал на две комби од марка форд и мерцедес со лесковачки регистарски таблички кои се наоѓале во лентата за запирање и буквално ги турнал од авто-патот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/40edEPtQnLg[/embed]
Според неофицијалните информации, комби возилата стоеле во лентата за запирање бидејќи претоварувале багаж. При судирот камионот се превртел и ги притиснал комбите и луѓето во нив. Исто така според непотврдени информации пишуваат српските медиуми во комбињата имало воглавно лица на возраст од околу 20 години.
Во несреќата загинале четири лица а две се потешко повредени, меѓу кои и возачот на турскиот камион и тие се префрлени во нишката болница.
Причината за несреќата уште не е соопштена , а се чека царинската полиција која треба да изврши контрола на камионот кој ги превезувал лубениците.

(Фото: Српски Телеграф)
Слично