(ВИДЕО-ФОТО) Го чекаат исходот од состанокот во Брисел: Стотици бегалци заглавени на грчко-турската граница!
Неколку стотици баратели на азил кампуваат на грчко-турската граница и го чекаат исходот од денешниот состанок во Брисел со надеж дека ќе биде донесена спогодба со која ќе се дозволи нивниот влез во Европската унија.
Како што јавува новинарот на АП, кој се наоѓа во турскиот град Едрене, бегалците и мигрантите престојуваат во спортската арена на оддалеченост од околу осум км од грчката граница. Во Едрене допатувале стотици мигранти со желба да ја преминат границата и влезат во Грција или Бугарија како би го избегнале ризичното патување преку Егејското море.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/nytimesworld/status/646045967662358529/photo/1[/embed]Полицијата на многумина од нив, кои стигнале уште минатата недела, им забранила да се приближат до границата, додава агенцијата, потсетувајќи дека уште неколку стотина бегалци останале во Истанбул, бидејќи автобуските превозници одбиле да им продадат карти. Иако повеќето бегалци и мигратни порачувале дека нема да се поместат додека не се отворат граничните премини, многумина се откажале од преминување преку границите и се вратиле во други турски градови.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OimvrWuSCc4[/embed]Министрите на државите членки на ЕУ денес во Брисел, по втор пат во последните осум дена, ќе се обидат да ги надминат поделбите околу решавање на бегалската криза. Првиот вонреден министерски состанок минатата недела заврши без договор за планот на ЕК за солидарно распоредување околу 120 000 бегалци и мигранти по пат на воведување на обврзувачки квоти , а дипломатски извори тврдат дека ќе биде тешко да се дојде до компромис.

