Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Експлозија во фабрика за оружје во Бугарија, состојбата под контрола

(ВИДЕО-ФОТО) Експлозија во фабрика за оружје во Бугарија, состојбата под контрола

Во складиштето на најголемата фабрика за оружје во Бугарија дошло до експлозија во која нема жртви, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа земја. Бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски соопштил дека состојбата во фабриката е под контрола.

eksplozija

„Експлозии нема веќе неколку часа, а на евакуираните жители им е дозволено да се вратат во своите домови“, рекол министерот.

Пожарот проследен со неколку експлозии, избил синоќа во складиштето на ВМЗ кај село Иганово, на подрачјето на Пловдив.

eksplozija1

Немало жртви ни повредени и засега нема опасности од загадување на воздухот, пренесуваат бугарските медиуми.

Претседателот на општината на село Иганово Стефан Данчев изјавил дека на местото на експлозијата се наоѓа складишто и работилницата за производство на мунициија, која била затворена за време на несреќата.

eksplozija2

Засега не е позната причината за експлозијата.

Вакви експлозии имало и во минатите години , а најтешки последици оставио онаа од октомври минатата година, кога на сверозападот од Бугарија загинаа петнаесет лица.

eksplozija4

Тогаш беше уништен целиот инвентар на мунизија во тоа складиште.

Видеото погледнете го на овој линк.

Слично

Поврзани вести