(ВИДЕО-ФОТО) Еден починат, а над 60 лица се повредени во автобуска несреќа во Србија
Едно лице загина, а над 60 лица се повредени во тешка автобуска несреќа која се случила рано утрово на автопатот Ниш-Белград.
Инцидентот се случил во 04:10 часот, потврдиле од Министерството за внатрешни работи за новинската агенција „Танјуг“. Туристичкиот автобус ја пробил заштитната ограда на патот и се превртел.
Повредените патници биле префрлени во Итниот центар, МЛД, КБЦ Земун и Институтот за мајка и дете во Белград. Движењето не е блокирано, но е отежнато, соопштиле од српското МВР.
Според портпаролката на итна помош, Нада Мацура, меѓу 15 и 20 пациенти се потешко повредени. Во автобусот, кој се враќал од летен одмор во Грција патувале 86 лица. Меѓу патниците имало претежно семејства со мали деца.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/XkSsvjOpnZQ[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/-x5F72P8ujY[/embed] Фото-Видео: alo.rs, telegraf.rs
Слично


