(ВИДЕО-ФОТО) Досие-Киев: Ќе ги рушиме руските хеликоптери ако влезат над наше небо!
Украина сега контролира 23 од 36 бунотивнички региони, тврди официјалниото лица за безбеност Андреј Парубиј.
Украина ќе ги руши руските хеликоптери во случај да го преминат украинскиот воздушен простор, изјави денеска секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана.
Наводно, украинските граничари и порани регистрирале такви случаи, пренесува Итар-Тасс.
Парубиј исто така рекол дека украинската авијација лета долж границата со Русија и Белорусија, како би одредила каде и колку сили на Русија се распоредени таму, и колку би можел да биде опасен правецот укарина-белорусија.
Две лица загинаа, а седум се повредени во бомбардирањето на Луганск, на истокот од Украина. Една жена загинала, а еден маж е префрлен во регионалната болница со рана од проектил, кој ја погодил стамбената куќа на улицата Менжински, наведуваат украинските прес служби.
Еден маж загинал од ранување со вооружено оружје, а седум лица се здобиле со рани од гранати кои паднале врз стамбената куќа во повеќе дПелови на Луганск. Градоначалникот на Луганск Сергеј Кравченко ги повика сите страни во вооружениот судир да ги прекинат воените акции и веднаш да седнат на преговарачката маса.
Интензивните борби помеѓу украинските војски и сили на самоодбрана се водат во Иљичјевки, градчето крај Јамполја, на пат кон Северск, Во Донјецк е соопштено дека во градот ќе снема вода. Во Николајевки украинските сили го стегаат обрачот околу положбата на самоодбраната.
Укранските власти во понеделникот на 7 јули ќе објават план за коридорите за евакуација на цивилното население од зоната на воените операции на истокот од Украина, соопштува вицепремиерот на таа земја Владимир Гројсман.
„Предвиден е многу прецизен и јасен план за акција, кој ќе биде претставен во понеделникот, но овој пат ќе бидат распоредени одредени инфраструктурни објекти неопходни за коридор и помош на луѓето“, пренесува Интерфакс.
Украинската артилерија пак го нападна Донјецк, соопштила прес службата на Донјецката Народна Република. Во бомбардирањето тешко оштетени се две електрани и состојбата е критична, јавува РИА новости.
Продолжен е и нападот на Луганск, каде се срушени неколку згради, помеѓу останатите и локалната школа која служи како засолниште на околното население. Исто така е гранитирана и градската болница за онкологија. За среќа, нема жртви.
Во трикатната зграда на полицијата во Одеса, утрово дошло до експлозија во која загинал еден човек. Делото е окарактеризирано како тероризам и е поднесена кривична пријава.
Претседателот на самопрогласената Луганска Народна Република Валериј Болотов ја распуштил владата на ЛНР. Владата е распуштена со престанокот на ааконот за кабинетот на министрите на ЛНР и стапувањето на сила Законот на системот на извршните органи на државната власт на ЛНР.








